Откако беше објавено дека над кочанската фабрика за автомобилски делови „Руен“ е воведена претстечајна постапка, претставници на компании од Италија, Турција, Србија и од Бугарија кои ја имаат истата производствена програма како и „Руен“ дојдоа во градот на оризот за да добијат повеќе информации околу состојбата на фабриката. Заинтересирани се да бидат евентуално нов инвеститор. Локалната власт ќе направи се' што е во нејзините ингеренции за оваа фабрика да добие нов, квалитетен инвеститор. Општина е со најголем број невработени во регионот, а со новите 280 работници на ’Руен‘ кои повеќе не се на своите работни места социоекономската положба само се влошува. Надежно во оваа состојба е тоа што компании од четири европски држави покажаа завиден интерес да ја купат фабриката и да го обноват производството.
Откако беше објавено дека над кочанската фабрика за автомобилски делови „Руен“ е воведена претстечајна постапка, претставници на компании од Италија, Турција, Србија и од Бугарија кои ја имаат истата производствена програма како и „Руен“ дојдоа во градот на оризот за да добијат повеќе информации околу состојбата на фабриката. Заинтересирани се да бидат евентуално нов инвеститор.
Ратко Димитровски, градоначалник на Кочани, вели дека локалната власт ќе направи се' што е во нејзините ингеренции за оваа фабрика да добие нов, квалитетен инвеститор.
„Нашата општина е со најголем број невработени во регионот, а со новите 280 работници на ’Руен‘ кои повеќе не се на своите работни места социоекономската положба само се влошува. Надежно во оваа состојба е тоа што компании од четири европски држави покажаа завиден интерес да ја купат фабриката и да го обноват производството. Тие беа кај нас, а ние им ја ветивме целокупната помош која како општинско раководство можеме да им ја дадеме. Во меѓувреме сме во постојана комуникација со државните институции за побргу и на вистински начин одново да се активира фабриката“, вели Димитровски.
Првото судско рочиште ќе се одржи идниот вторник во Основниот суд во Кочани. Се очекувања дека фабриката ќе оди во стечај, кој со оглед на состојбата со машинскиот парк и големиот имот, треба да заврши брзо и во полза на вработените.
На никого во фабриката не му е јасно како се случи таа да ја доживее ваквата судбина. Вработените раскажуваат дека имало нарачки, се работело под полна пареа, а сопственикот Жак Мопа говорел дека пред крајот на годината ќе вработел уште 30-ина работници, бидејќи не можело да бидат задоволени сите нарачатели.
„Факт е дека се работи за лоша приватизација, при што не е водено сметка колку и дали новиот сопственик го почитува купопродажниот договор. Тој имал обврска да вработи 600 работници, а во фабриката немало повеќе од 300. Жак Мопа не ја почитувал ниту обврската во однос на инвестициите кои бил обврзан да ги вложи во развојот на фабриката. Наместо тоа, тој продал еден дел од имотот, како што се погоните во Блатец и во Зрновци, и погонот за облоги и погонот за гуми, а ја продал и кујната во самата фабрика. Пред една година е донесена судска пресуда за непочитување на договорот од страна на овој инвеститор за што треба да плаќа голема отштета“, укажува градоначалникот Димитровски.
Напорите на локалната власт е „Руен“ да се продаде како една фабрика, а не на делови, а производната програма да биде како и досега, бидејќи за автомобилските делови од производниот асортиман на фабриката секогаш имало заинтересирани купувачи.
Инаку, сопственикот Жак Мопа подолго од три години не бил во Кочани. Тој повикувал раководители на погони и синдикални активисти во неговата канцеларија која се наоѓа во Скопје, во зградата на МТВ. При секоја средба Мопа ветувал нови вработувања и исплата на заостанатите пет плати. Но, наместо тоа, тој само го распродавал имотот.